Индијанците сосема случајно го добиле името под кое денес ги познаваме. Европските морепловци верувале дека трансатлантските земји што ги откриле всушност се дел од Индија. Станува збор за народ кој живеел во целосна хармонија со природата и затоа им изгледале назадни на „цивилизираните“ Европјани.
Колку биле напредни и подобри од останатиот дел од светот, сведочат нивните мудрости што ја одразуваат интеракцијата на човекот и природата.
Мал дел од нивните најдлабоки мисли и правила по кои живееле:
- Добрата личност ги гледа добрите знаци.
- На секоја личност ѝ се потребни тивки денови за да се слушне само себеси.
- Оној што молчи, знае двапати повеќе од говорникот.
- Единственото нешто што мора е само да се умре.
- Куќата е таму каде што се чувствувате добро.
- Во секоја личност се борат добриот и лошиот волк. Оној волк кој повеќе го храните, на крајот секогаш победува.
- Сè на светот има своја песна.
- Детето е гостин во вашиот дом: нахранете го, научете го и пуштете го.
- Знаењето е скриено во сè. Целиот свет е една голема библиотека.
- Кога ќе се исече последното дрво, кога ќе за затруе последната река, кога ќе се фати последната птица, тогаш белиот човек ќе сфати дека парите не можат да се јадат.
- Сакај и почитувај ја својата земја. Не ја наследуваш од родителите, ја позајмуваш од твоите деца.