Насловна Видеа Тешката животна приказна на Киану Ривс (ВИДЕО)

Тешката животна приказна на Киану Ривс (ВИДЕО)

од Ivica Kitanovski

Роден е во 1964та година во Бејрут, Либан. Татко му ги напушта кога Киану има само 3 години и оттогаш немаат контакт. Дијагностицирана му е дислексија од најрана возраст па морал да промени 4 училишта. Поред состојбата која ја има дополнителен товар му биле 4те неуспешни бракови на неговата мајка и растењето покрај странци. За целото ова време негова најголема поддршка му е неговиот најдобар и единствен другар Ривер Феникс. Неговиот најдобар другар е пронајден мртов пред ноќен клуб во Лос Анџелес како последица од предозирање. Сркшен од болка, целосно се изолира и посветува исклучиво на својата актерска кариера.

Тажната приказна на Киану Ривс

Тажната приказна на Киану Ривс

Публикувахте от Рубикон в Вторник, 22 януари 2019 г.

После 6 години ја среќава љубовта на својот живот, Џенифер Сим, со која се венча во 1998мата година. После 1 година од бракот, Џенифер забременува. На среќата и нема крај после веста дека очекуваат девојче. Мислејќи како трагедиите се зад него и почнува едно ново среќно поглавје во неговиот живот. Џенифер е хоспитализирана со огромни болку во пределот на стомакот на само еден месец пред пораѓајот. После неколку часовна операција, докторите му ја соопштуваат веста дека детето е предвреме родено мртво. Уништени од болка и незнаејќи како да продолжат понатаму со животот, се разделуваат една година по трагедијата.

Иако разделени, остануваат во добри односи и за него и понатаму она е единствената љубов во неговиот живот. Се чини на маките им нема крај, кога кратко по разделбата во 2001ва година му јавуваат нова страшна вест…Џипот на Џенифер излетал од патот и удрил во кола. Жената на неговиот живот почината на лице место веднаш по ударот. Веќе претепан од животот и без сила да продолжи понатаму, главна утеха и поддршка наоѓа во својата помала сестра Ким, која од неодамна е повторно тука за него. Изгубен во светот со празнина во душата и непрекинат бол кој никако да го заобиколи, храбро продолжува понатака.

Таман кога успева на ново да ја поврати изгубената блискост со сестра си, на Ким и дијагностицираат леукемија…Се созема брзо од шокот и решава храбро да се бори и да биде главна потпора и целосно тука за неговата сестра. Вложува голем дел од парите кои ги има заработено како актер и успева да ја спаси својата сестра. После битката со болеста 80% од својата заработувачка од Матрикс, ја донирал за лицата болни од леукемија. Познат по својата хумана страна до ден денешен, многу мал процент од заработувачката како актер задржува за себе. Живее повлечен и скромен живот во колиба на периферија од Лос Анџелес со своето куче, својот најдобар другар. Редовно користи метро и се храни исклучиво на штандови за брза храна наместо во отмени ресторани. После Џенифер никогаш во животот не остварил никаква значајна и сериозна врска…

Бидете благодарни за она што го имате и не судете никому. Никогаш не ја знаете болката и проблемите што ги носи со себе првиот човек кој ќе го сретнете денес на улица, или жената во супермаркет пред вас на каса, или проблемот на детето со топката пред зграда. Сакајте и помагајте, само тогаш ќе бидете вистински слободни и среќни.

Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Рубикон.мк. Секој упад и злоупотреба на интернет-страницата на Рубикон е казнив со закон.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ