Насловна Ментална гимнастика Таксистот и пријателот (животна лекција)

Таксистот и пријателот (животна лекција)

од Ivica Kitanovski

Еден топол сончев ден, се возев со еден пријател во такси. Кога излеговме од таксито, пријателот му пријде на возачот и му рече: Благодарам за возењето. Возевте совршено.

Таксистот за момент молчеше, а потоа рече: – Дали сакате да покажете дека сте хумористични?

Не, драг човеку, не се шегувам на твоја сметка. Се восхитувам како можете да останете толку смирени во ваков хаос и голем сообраќаен метеж.

– Добро, така нека биде, рече возачот и продолжи понатаму.

– Што е? – Прашав.

Ништо, само се обидувам да ја вратам љубовта во Скопје, објасни тој. Верувам дека овој град само така може да се спаси.

-Како може еден човек да го спаси Скопје, прашав?

Не е еден човек. Верувам дека на таксистот со комплиментот, му го разубавив денот. Да претпоставиме дека тој дневно има по дваесет вожњи. Тој би бил љубезен со тие дваесет клиенти затоа што некој бил љубезен кон него. Овие клиенти, повторно, ќе бидат љубезни кон своите колеги, или продавачите, или келнерите, па дури и нивните семејства. Конечно, таа срдечност ќе се прошири на најмалку илјада луѓе. Претпоставувам дека сега сфаќаш како ова и не е толку лоша идеја, ми одговори.

-Да речеме дека си во право, но сега само од таксистот зависи дали ќе ја пренесе љубезноста што ти му ја укажа нему, продолжив.

Затоа не се потпирам само на него, рече мојот пријател. Свесен сум дека овој систем не е најбезбеден, затоа денес ќе бидам љубезен најмалку кон уште десет луѓе. Ако успеам да ја постигнам целта и да усреќам три од овие десет, тогаш индиректно можам да влијаам на расположението на уште три илјади луѓе.

-Во теорија, звучи добро, морам да признаам, но не сум сигурен дека тоа е практично изводливо...

Ништо не е изгубено и ако не е. Не ме чини ништо да му кажам на овој човек дека добро си ја заврши својата работа. И да не можам да влијаам на него, утре ќе запознаам друг таксист кој повторно ќе пробам да го усреќам.

– Ти си станал чудак, реков.

А ти само ми покажуваш дека си станал голем циник, ладно ми одбруси. Го проучував ова. Ќе ти докажам. Покрај парите како главен проблем, на нашите работници ширум градот им недостасува и фактот дека никој не им кажува дека тие добро си ја вршат својата работа.

– Но тие не работат како што треба, реков. Во градов ништо не функционира нормално!

Да, точно. Тие не работат затоа што не чувствуваат дека некој воопшто го цени нивниот труд. Зошто да не им дадеме некој убав збор?

*Во моментот, поминувавме покрај едно градилиште и наидовме на пет работници кои седеа и ручаа. Мојот пријател застана и им се обрати: Вие правите огромна работа луѓе. Вашата работа е многу тешка и опасна.

*Работниците сомнително гледаа во мојот пријател.

Кога ќе ја завршите оваа зграда? Ги праша”

– Во јуни! Како од топ испали еден од нив.

Мора да сте многу горди на себе. Само напред момци, вашата жртва е огромна, а вашата работа неверојатна!

*Продолживме со нашето пешачење низ тесните улички на Дебар Маало

– Јас уште не сум видел некој како тебе, му реков.

Ако овие луѓе размислат за она што им го реков, ќе бидат позадоволни. Градот, на некој начин, ќе има корист од нивната среќа.

– Но, ти си единка, не можеш сам да промениш ништо, упорно се инаетев.

Застана, ме погледна право во очи, и ми рече” Најважната работа од се е да не се обесхрабруваме. Да ги ​​натераме луѓето во овој град повторно да станат љубезни, не е воопшто лесна задача, но само кога би можел да вклучам и други луѓе во оваа кампања…

– Само што и намигна на жена која не беше ништо посебно, го прекинав. Па побогу, не беше ни најмалку привлечна!

Знам дека не беше, одговори тој. Но ако таа е учителка, нејзините ученичиња денес ќе имаат фантастичен ден!

“Конечно попуштив. Иако, морам да признаам, од самиот старт знаев дека сосема е во право. На Скопје му фали љубезност. И не само на Скопје. Ширете добрина секаде, станете дел од мисијата која ја започна мојот пријател. Да го направиме светот поубаво место за живеење. Можеме! Мораме! Заслужуваме!

Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Рубикон.мк. Секој упад и злоупотреба на интернет-страницата на Рубикон е казнив со закон.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ