Насловна Мистерија Тајните поздрави и симболи на илуминатите и јавни личности кои ги промовираат

Тајните поздрави и симболи на илуминатите и јавни личности кои ги промовираат

од Ivica Kitanovski

Илуминати – збор изведен од множината на латинскиот „ illuminatus “ што значи „просветлен“ или „осветлување“ , историски гледано, обично се однесува на баварските илуминати, тајно општество од времето на просветителството, основано на први мај 1776 година од страна на Adam Weishaupt (1748–1830) . Целите на општеството биле да се спротивстават на суеверието и религиозното влијание врз јавниот живот и злоупотребата на државната моќ. Во нивниот првичен правилник, нивната цел и постоење е да се стави крај на чинителите на неправдата и истите да бидат контролирани без јавна и насилна доминација. Илуминатите, заедно со масонството и другите тајни општествата и организации, преку баварскиот владетел Чарлс Теодор, а со охрабрување и директна поддршка на Католичкатата црква се забранети во 1790та година. Во следните неколку години, илуминатите биле посочени како одговорни за низа побуни меѓу кои и француската револуција, со директно обвинување од властите и црквата дека делуваат илегално и од сенка.

Многу влијателни интелектуалци и прогресивни политичари јавно се претставувале себеси за членови на илуминатите, вклучувајќи го Фердинанд од Брунсвик и дипломатот Ксавиер фон Цвак, кој бил втора команда на Орденот и одредот на илуминатите. Тој привлeкол многу книжевни генија како Јохан Волфганг фон Гете и Јохан Готфрид Хердер и владеечките војводи од Гота и Вајмар. Честопати се говорело и пишувало како илуминатите се залагаат за контрола на светските работи преку организирање настани и инфилтрирање нивни агенти во владите и корпорациите, со цел да се здобијат со политичка моќ и влијание и на тој начин наметнат и воспостават нов светски поредок. Најчесто се претставени како демнат во сенките и влечат жици и лостови на моќ во политиката, книжевството, медиумите, образованието, видео игрите, музичката индустрија и уште многу други сфери.

СИМБОЛИ И ЗНАЧЕЊЕ

ГОЛЕМОТО ОКО НА ВРВОТ ОД ПИРАМИДАТА

Големото око што лебди во највисок премин над недовршената пирамида од 13 нивоа е најпопуларниот и најпрепознатлив симбол на илуминатите. Окото ја претставува нивната позиција на владеење од највисокиот камен на пирамидата. Тие се издигнати високо на врвот, гледаат и контролираат се, додека ние сме на дното.

Со усвоена мнозинска одлука на конгресот во 1782 година „ Големото око на врвот од пирамидата “ било додадено на задната страна на „ Големиот Печат “ на Соединетите Американски Држави. Во 1935 година, 32риот по ред американски претседател Френклин Рузвелт, ги додал предниот и задниот дел на Печатот со „ Големото око “ на банкнотата од еден долар.

ПРЕВРТЕН ПЕНТАГРАМ


Превртениот пентаграм или обратен пентаграм, со двата кракови свртени нагоре, е познат симбол на темните сили и злото. Го претставува „ Јарецот од Мендес “ напаѓајќи го небото со роговите насочени нагоре. Познат е уште како знак на плетениот обрач, или стапалото на ѓаволот. Често среќаван при разни обележја и обреди меѓу илуминатите и нивните пониски редови и одреди.

666 – ТРИ ШЕСТКИ

Шестстотини шеесет и шест, или 666 е бројот на Луцифер, како што е опишано во Библијата во Откровение 13. Илуминатите често го користат овој број како искажување длабока почит кон нивниот единствен господар, сатаната.

ОКОТО КОЕ ГЛЕДА СЕ

Лебдечкото око кое гледа се, е симбол на илуминатите кој го отсликува нивното алтер-его кој ги претставува како богови кои се способни да видат и контролираат баш се што правиме. Звучни имиња, симболози на илуминатите истакнуваат дека лебдечкото око всушност го претставува Окото на Хорус, симбол за кој во нивните редови постои верување дека им пружа заштита, здравје и подмладување. Интересен податок е дека J. R. R. Tolkien, во неговите хит книги кои прераснаа и во едни од најгледаните холивудски блокбастери во повеќе продолженија, „Господарот на прстените“ , токму „Окото кое лебди“ е главната инспирација за кулата на Саурон во мрачната земја Мордор. Саурон е злобен водач на темната армија кој гледа и контролира се преку „Окото на врвот од кулата“ и тежнее да го уништи светот со сите негови природни убавини и целосно ја одзеде слободата.

Инсерт од Господарот на прстените на кој е претставена Кулата на Саурон и Окото кое гледа се

ВЕЧНИОТ ОГАН

Вечниот пламен е еден од основните симболи што илуминатите го користат за претставување на Луцифер, нивниот единствен бог кој го сметаат како носител на светлината. Вечниот пламен уште ја претставува и бесмртноста на илуминатите. Тие ја гледаат нивната организација како вечна и невозможна за уништување. Овој симбол е истакнат на повеќе светски водечки индустрии и градби за кои јавно се знае дека се под нивна заштита и влијание како на логото на Standard Oil, на Статуата на слободата и на логото на Columbia Pictures и уште многу други.

БАФОМЕТ


Името и ликот на Бафомет за прв пат се појавува како пагански идол во записници од периодот на инквизицијата на Темпларските витези. Дефинирањето на идолот со глава на коза бил користен од окултистистите за да го прикажат ѓаволот во човечки лик во тарот картите и други разни обреди, венчавки и тајни церемонии кои подоцна биле прифатени од илуминатите и нивните редови и структури.

БУВОТ

Бувот претставува мудрост. Илуминатите се гледаат себеси како единствени што се доволно мудри да управуваат со планетата. Бувот исто така е животно кое гледа, лови и е активно исклучиво во ноќта. Слично е и со илуминатите кои претпочитаат да дејствуваат од сенка. Симболот на Минерва го користела елитата на баварските Илуминати уште од самото нивно основање и почетоци.

МОЛЊА

Во толкувањето и симболиката на илуминатските редови, молњата го претставува токму Луцифер, паднатиот ангел, паѓајќи од небото како „забрзана светлечка молња“ , како што е опишано во Откровението според Лука 18:10. Молњата е сатански знак, посебно наметнуван во минатиот век од големите корпорации и широко проширен и користен во музичката индустрија.

ЗМИЈАТА

Змиите Библиски го претставуваат искушението, прецизно претставено и опишано во делот за Рајската градина. Змијата кај илуминатите е симбол за забранетото знаење кое е особено привлечно во нивните редови. Змиите се често обележје во нивните кругови и најчесто се среќаваат во симболите познати како Оуроборос и Кадуцес.

Оуроборусот или змијата која ја голта својата опашка претставува бесконечност. Симболот ја претставува и засилува перцепцијата на илуминатите дека тие се бесмртни и вечни како богови.

ЦРНОТО СОНЦЕ

Црното сонце, особено изгрејсонцето, обично го претставува Луцифер, носителот на светлината и зората. Илуминатите, ОТО, розискусијците и масоните често го користат сонцето во своите симболи. Баварските илуминати први почнале да го користат ова како свој симбол кој модерните масони се уште го користат и денес.

ОБЕЛИСК

Обелисксите се користат како маркери за важните центри на моќ на илуминатите. Обелискот во Вашингтон ја означува нивната политичка и воена доминација, додека пак обелисксите во Лондон и Њујорк со своите пропратни симболи и вклесани обележја ја означуваат нивната финансиска супериорност.

ОРЕЛОТ

Во редовите на илуминатите, орелот е симбол на моќ и издржливост. Римјаните, Хабсбургшката монархија, фамилијата Ротшилд, нацистите и Соединетите држави, сите го користат орелот како симбол или семеен грб.

КРСТ СВРТЕН НАОПАКУ

Превртениот крст, двојниот крст или која било друга перверзија на Христовиот Крст се типични потсмевања, негирање и искажување напочит на илуминатите кон самиот Бог.

ЧОВЕЧКИ ЧЕРЕПИ

Черепите се користат како потсетник за смртта кај илуминатите и во масонството. Се потсетуваат младите иницијатори дека имаат релативно краток живот кој мора да го посветат на неуморна работа кон целите на вечните илуминати.

ПОЗДРАВИ И ЗНАЦИ СО РАЦЕ

Знаците со раце кои треба да претставуваат меѓусебно препознавање како високи или пониски чиновници во сферата на илуминатската машинерија, е се повеќе застапена помеѓу јавни фигури од политиката, филмската и музичката индустрија. Знаците со раце пак на јавни настапи, треба да испратат порака на пошироката маса народ дека тие се тука, меѓу нас, не гледаат и не контролираат. Еве некои примери од симболите кои светски познати личности редовно ги шират и прикажуваат во јавноста


СИМБОЛОТ НА ПИРАМИДА

Овој знак е гест со рака кој претставува еден од најпрепознатливите симболи на илуминатите. Многу јавни личности, политичари, актери, спортисти, музичари често го промовираат во јавност. Меѓу познати светски звучни имиња кои често го практикуваат и јавно го промовираат можеме да ги издвоиме Доналд Трамп, Обама, Хилари Клинтон, Џорџ Буш, Ангела Меркел, Мадона, Лејди Гага, Ворен Бафет, Бијонси, Том Круз и многу други.

Џеј Зи, Рихана, Коби Брајант

Џеј Зи, Рихана и Коби Брајант се само мал дел од звучните имиња кои редовно на своите настапи и излагања го промовираат симболот на пирамидата.

ЃАВОЛСКИ РОГОВИ

Знакот на сатаната или рогавиот бог, чест и распространет илуминатски симбол за оддавање почит кон Луцифер. Ѓаволските рогови или Бафомет, преку регрутите на илуминатите во музичката индустрија во средината на 70тите години, успешно е вметнат и прифатен како често распространет симбол претставувајќи одредени правци во музиката како рокот и металот

Еминем и Џорџ Буш
Папата Бенедикт
Доналд Трамп и Роналд Реган
Обама

ПРЕКРИЕНО ОКО

Знакот е направен со прикривање на едното око, по можност лево, и го претставува Окото на Хорус. Десното око пак, отвореното, го претставува окото на Луцифер и е најважниот симбол на илуминатите. Се користи за да се покаже верност на редот и брендирање.

Лејди Гага со прекриено око. На последната слика (сцена од спот) ја има и молњата на десниот образ
Аманда Сејфрид, Џони Деп, Мајли Сајрус

ВПЕРЕН ПРСТ КОН НЕБОТО (AS ABOVE, SO BELOW)

Исто така познат и како знак на Херметизамот. Овој симбол за илуминатите го претставува уништувањето на Земјата и цивилизацијата. Со носење хаос, Земјата ќе стане како пекол – како горе, така и долу.

Статуа на Џорџ Вашингтон


Статуата на Џорџ Вашингтон која е правена по моделот на Бафомет и под притисок на јвноста е тргната од централниот плоштад во средиштето на градот

СКРИЕНАТА РАКА (HIDDEN HAND OF THE MEN OF JAHBULON)

Карл Маркс, Фридрих Ниче и Наполеон Бонапарта

“Скриената рака на мажот од Јахбулон” (Луцифер). Името и идентитетот на тајниот бог на илуминатите мора да бидат скриени, така што скриената рака е добро прилагодена и притаена, исто како и нејзината застапеност во јавноста и примена.

666ТРИ ШЕСТКИ

Лејди Гага и Бијонси

Овој знак е гест што претставува 666 или бројот на ѕверот. Честопати илуминатите после завршена задача се обраќале до него и му означувале „Океј“ или „А-океј“, тоа укажува на одобрување на нивниот Господ на светлината, ака антихристот.

Овој симбол нема никаква врска со нашата употреба во Македонија која служи за прикажување на сосема друга намена и намера.

НАЦИ ПОЗДРАВОТ

Адолф Хитлер и Џорџ Буш

Поздравот на Хитлер, поздравот на Белами, римскиот поздрав или знакот на Зелаторот, го претставува сонот на илуминатите за фашистичка светска влада и потекнува далеку поодамна од периодот на фашизмот и нацистичка Германија.

Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Рубикон.мк. Секој упад и злоупотреба на интернет-страницата на Рубикон е казнив со закон.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ