Насловна Занимливости Што претставува енергетскиот вампиризам и како да се заштитите?

Што претставува енергетскиот вампиризам и како да се заштитите?

од Ivica Kitanovski

Дали некогаш сте влегле во просторија и одеднаш сте почувствувале како некој да ви ја исцицал целата животна енергија? Шансите дека сте биле жртва на енергетски вампир се прилично големи. Енергетските вампири се луѓе кои се хранат со енергија на други луѓе и честопати не се ни свесни за нивните токсични ефекти врз околината.

Енергетските вампири најчесто се лица со ниска самодоверба, на кои непрестано им е потребна постојана потврда. Тие во суштина не се задоволни од својот живот, често се депресивни, и немаат сопствена енергија. Таквите лица бараат постојано внимание, совети, знаење и мислење, но во целиот тој процес на комуникација, успеваат да земат многу повеќе од Вас и ви ги испразнат чистите емоции и резервите. Ви нудиме неколку начини како да го идентификувате и се заштитите од енергетскиот вампиризам .

Енергетскиот вампир е постојано во потрага по нешто. Совет, потврда, или само рамо за плачење. Секој од нас знае барем една таква личност. Пријател, кој само се јавува кога нешто му е потребно. Овие се видови на пријатели што дефинитивно треба да ги избегнувате.

Обрнете внимание на тоа како се чувствувате кога минувате време со пријателите, колегите и семејството. Дали кога сте во иста просторија или друштво на некоја од овие личности, постојано чувствувате анксиозност, изнемоштеност, вртоглавица, напнатост и вознемиреност. Овие се знаци на напад на енергетски вампир што ве тера да се чувствувате на тој начин и треба да ги избегнувате таквите луѓе.

Како да се заштитите и опоравите?

За да се заштитите и се опоравите од напад на енергетски вампир, прво треба да утврдите точно, дали и од кого сте нападнати. За да го направите ова, мора да ја разбудите свеста. Редовно медитирајте и обидете се да бидете фокусирани и во склад со вашето тело и неговите одговори на специфичните ситуации. Ова ќе ви помогне да ја разбудите свеста и да развиете интуицијата.

Ако се чувствувате исцрпени и премногу уморни откако сте во друштво со некоја личност и верувате дека лицето е енергетски вампир, а морате да делите одреден дел од денот со него, најдоброто нешто што можете да направите е да практицирате работи кои длабоко ве опуштаат. Одржувајте балансиран циклус на спиење, јадете хранливо избалансирани оброци, медитирајте и слушајте релаксирачка музика. Ова ќе ви помогне да го вратите нормалното ниво на енергија. Умереното вежбање ќе ви помогне да спиете подобро, ќе ви го подигне апетитот и ќе ве опушти, а исто така ќе го зајакне вашиот одбранбен систем и драстично ќе ви го зголеми нивото на енергија.

Затворете го кругот на проток

Ако верувате дека во некој момент сте жртва на енергетски вампиризам и сакате да го запрете вампирот да се храни со вашата енергија, најбрзиот начин е да ги пркрстите рацете и нозете додека седите. Повеќето луѓе интуитивно веќе го практикуваат ова во одредени ситуации, бидејќи потсвесно знаат дека ова е начин за затворање, и навистина помага.

Чистење на аурата

После постојани контакти со лице за кое верувате дека се храни со вашата енергија, неопходно е чистење на аурата. Аурата е енергија што го опкружува вашето тело и може да се прочисти за да се зајакне физичкото здравје, умот и духот. Следниот пат кога ќе се бањате, земете длабоко воздух, затворете ги очите и визуализирајте ја водата како ги чисти сите слаби точки на вашето тело што интуитивно ги чувствувате. Истото можете да го правите и на свеж воздух. Затворете ги очите, смирете ги мислите, забавете го дишењето и визуализирајте како издишувате црвен чад, а вдишувате бело-кристални скоро невидливи честички кои ја претставуваат праната, односно космичката енергија. Вдишувајте полека и длабоко на уста, а негативните потиснати емоции и мисли во форма на црвен чад издишувајте ги низ нос. Практикувајте ја оваа вежба само неколку минути дневно, и веќе ќе почнете да се чувствувате многу подобро.

Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Рубикон.мк. Секој упад и злоупотреба на интернет-страницата на Рубикон е казнив со закон.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ