Насловна Занимливости Стариот часовник (поучна приказна)

Стариот часовник (поучна приказна)

од Ivica Kitanovski

Таткото пред да почине му вели на својот син: Овој часовник е од твојот прадедо, стар е повеќе од 200 години. Но пред да ти го подарам, сакам да отидеш со него кај саатчијата, да видиш колку му е цената.
Синот се вратил и рекол дека саатчијата му кажал како часовникот е многу стар и не работи, па затоа може да му даде само 5 долари. Таткото му рекол да отиде сега кај некој колекционер на стари работи.
Синот се вратил радосен и рекол:
Татко, колекционерот ми дава 5000 долари за овој часовник. Тогаш таткото му рекол да отиде во музејот и да види колку ќе му понудат за часовникот. Синот се вратил повторно радосен и рекол дека во музејот дошол стручњак за стари часовници и проценил дека часовникот вреди неверојатни 1 000 000 долари.
Тогаш таткото се насмевнал и му рекол на синот: СИНЕ, СО ОВА САКАВ ЗА ПОСЛЕДЕН ПАТ ДА ТИ ПОКАЖАМ ДЕКА САМО НА ВИСТИНСКОТО МЕСТО МОЖЕ ДА СЕ ОДРЕДИ ТВОЈАТА ПРАВА ВРЕДНОСТ.
ЗАТОА, НИКОГАШ НЕ СЕ ПОСТАВУВАЈ НА ПОГРЕШНО МЕСТО, НА КОЕ НЕ ТЕ ЦЕНАТ ДОВОЛНО.

Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Рубикон.мк. Секој упад и злоупотреба на интернет-страницата на Рубикон е казнив со закон.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ