Насловна Ментална гимнастика Психолошките нарушувања доловени преку илустрации на светски познатиот артист

Психолошките нарушувања доловени преку илустрации на светски познатиот артист

од Ivica Kitanovski

Познатиот архитект и артист Федерико Бабина од Барселона, преку илустрации на архитектонски решенија, успеа со вознемирувачка прецизност да долови 15 психолошки нарушувања со кои се соочуваат се повеќе луѓе секој ден, поради турбулентниот начин на живот во денешницата.

Илустрациите се дообјаснети со краток опис на состојбите на иницијатива на редакцијата на Рубикон.

1. Биполарност

Биполарното растројство е психолошка состојба дефинирана како повторувачки епизоди на значително нарушување на расположението. Овие нарушувања може да се случат во еден спектрум кој се движи од ослабувачка депресија, па се до незауздана манија.

2. Инсомниа

Несоницата е нарушување кое се манифестира со неможност за заспивање и недобивање доволна количина на сон.
Несоницата обично е резултат на скоро доживеан стрес, и може да биде предизвикана од повеќе различни фактори.

3. Параноја

Паранојата е психоза во која лицето се соочува со замислени манични епизоди на прогонување, додека интелегенцијата и разумот му се сосема зачувани. Затоа оваа состојба многу често се нарекува уште и “разумно лудило”.

4. Аутизам

Аутизмот е нарушување на невролошкиот развој, кое се одликува со прилично намалена способност за социјализација и комуникација и со ограничено и повторливо однесување. Сите овие знаци се манифестираат пред три годишна возраст.

5. Фобии

Медицинското објаснување на фобијата како нарушување значи да се има страв од разни ситуации или предмети но без реална основа и повод. Луѓето со фобија најчесто се плашат од средба со одредени предмети, животни или ситуации.

6. Опсесивно компулсивно нарушување

Опсесивно компулсивното нарушување (ОКН) се карактеризира со повторувачки застрашувачки мисли и опсесии кои лицето секојдневно ги доживувава, и му предизвикуваат постојани интензивни чувства на непријатност и анксиозност.

7. Деменција

Деменцијата е сериозна загуба на способноста за осознавање и препознавање кај една претходно здрава личност, покрај она што може да се очекува од нормалното стареење.

8. Депресија

Депресијата е состојба на длабоко нерасположение и губење на благосостојбата и интересите на една личност. Депресивните луѓе можат да се чувствуваат беспомошни, безвредни, виновни, раздразливи, загрижени или преморени.
Депресијата не секогаш е психијатриско нарушување, може да биде и нормална реакција на одредени животни настани.

9. Анксиозност

Анксиозноста е чувство на општа возбуденост, нејасен страв без надворешен повод, голем стрес и загриженост. Анксиозноста се манифестира преку повеќе физички и психички симптоми кои се доживуваат како многу непријатни .

10. Алцхајмер

Алцхајмеровата болест, обично се јавува кај лица постари од 65 години. Карактеристично е прогресивно влошување на когнитивните функции, со намалена способност за извршување на дневните активности, чести промени на расположението и губење на памтењето.

11. Дисоцијативно пореметување

Кај дисоцијативното пореметување, лицето најчесто ја исклучува емоционалната компонента и се одвојува од свеста за
да самото се заштити од преголемото влијание на стрес. Иако тоа понекогаш знае да биде и корисен одбрамбен механизам, проблемот настанува кога дисоцијативната состојба се јавува премногу често и трае предолго.

12. Нарушување во исхраната

Нарушувањата во исхраната може да предизвикаат тежок емоционален стрес и значителни медицински компликации. Може да се појави во форма на прејадување познато како булимија, или недоволен внес и неможност за конзумирање храна односно анорексија.

13. Дислексија

Дислексија е состојба каде што постојат тешкотии при читањето и разбирање на прочитаното. Лицата кои се погодени имаат тешкотии при интерпретацијата на визуелните симболи, и ги мешаат буквите и зборовите во реченицата.

14. Нарколепсија

Нарколепсијата е долгорочно невролошко нарушување кое опфаќа намалена способност за регулирање на циклусите на спиење. Симптомите опфаќаат периоди на прекумерна неконтролирана дневна поспаност која обично трае од неколку секунди, па се до неколку минути, и може да се појави во секое време.

15. Шизофренија

Шизофренијата се смета за ментално растројство, кое се карактеризира со дизинтеграција на мисловните процеси и на емотивната реакција. Таа најчесто се манифестира како аудитивни халуцинации, параноични или бизарни илузии или неповрзан говор и мислење, придружени со значителна социјална и професионална нарушеност.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Рубикон.мк. Секој упад и злоупотреба на интернет-страницата на Рубикон е казнив со закон.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ