Дали сте запознаени со супер популарниот енергетски пијалок “MONSTER”? Производот се појавува на пазрот во 2002 година и многу брзо се пробива на полиците во маркетите. Најзастапен е како главен спонзор на многу екстремни спортови и спортисти. Препознатлив е по своето светло зелено лого кое ја симболизира првата буква од името на напитокот. Логото многу често можеме да го сретнеме на тркачки коли, мотори, маици, точаци, капчиња и друга спортска опрема.
Но што точно се крие зад добро препознатливото зелено М? Буквата е сочинета од 3 одделни вертикални линии кои споени потсеќаат на канџата на “чудовиштето”. Ако ги погледнеме трите линии одделно како симболи, ќе дојдеме до шокантно откритие. Вертикалната линија од логото е еврејски симбол за бројот 6 и се изговара “Vav”. Доколку симболот го означува бројот 6, 3 симбола споени во низа го даваат бројот 666. На суптилен начин жигот на “Чудовиштето” е секаде околу нас.
Покрај името кое означува чудовиште и бројот 666 завиткан во форма на гребење на канџи…Слоганот на производот гласи “Ослободи го ѕверот”. Буквата О во името “MONSTER” е прободена со крст кој за време на надигање и пиење на лименката самите го вртиме наопаку.
- Име: “Чудовиште”
- Лого: “666”
- Слоган: “Ослободи го зверот + наопаку свртен крст”
Дали мислите дека е случајност?