Насловна Гик Мини екосистем, реплика на планетата Земја заробена во шише

Мини екосистем, реплика на планетата Земја заробена во шише

од Ivica Kitanovski

Во 1960 година, Дејвид Латимер, додека бил сеуште студент, посадил мала градина во големо стаклено шише и ја запечатил. Го отворил шишето 12 години подоцна, во 1972ра да додаде малку вода и го запечатил засекогаш. Самоодржливиот екосистем беспрекорно функционира веќе полни 60 години. За оние кои се прашуваат како ова е воопшто возможно, одговорот лежи во тоа што мини градината е совршено избалансиран самоодржлив екосистем. Бактеријата во компостот се храни со изумрените растенија, и го разградува кислородот кој е ослободен од растенијата, претварајќи го во карбон диоксид кој пак е нопходен за фотосинтеза. Шишето со градината во суштина претставува мини реплика и микрокосмос на планетата земја.

Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Рубикон.мк. Секој упад и злоупотреба на интернет-страницата на Рубикон е казнив со закон.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ