Насловна Видеа Како изгледа просечен ден на човек кој пати од анксиозност? (ВИДЕО)

Како изгледа просечен ден на човек кој пати од анксиозност? (ВИДЕО)

од Ivica Kitanovski

Се разбудив рано, преморен…Не успеав да се наспијам многу ноќеска. Потрошив часови и часови расмислувајќи, опседнувајќи се…Ја премотав секоја грешка што сум ја направил, одново и одново во главата. Постојано се јадосувам околу тоа. Ми ги конзумира мислите, како мувла јаболко. Никогаш не можам да си побегнам од мислите… Ме јадат одвнатре. Постојано стравувам од најлошото сценарио за било која ситуација. Пред состаноци со девојка, убеден сум дека ќе ги кажам погрешните работи или ќе постапам погрешно. Пред патувања стравувам од тоа дека по пат нешто страшно ќе се случи…Се опседнувам со секакви работи во главата. Не требаше да го кажам ова што го кажав. Почнува да ме фаќа параноја и имам чувство дека пријателите не ме сакаат… Начинот на кој ме погледна шефот вчера, фактот дека другарот не ми вратил на пораката… Почнувам дебата сам со себе, што сторив за да ги налутам…Им изгледа смешно на другите, но за мене?

Како точно изгледа анксиозноста

Како изгледа просечен ден на човек кој пати од анксиозност?

Публикувахте от Рубикон в Четвъртък, 25 април 2019 г.

Стравовите се вистински…Многу вистински. Постојано сум залепен за телефонот во потрага по одобрувањето на другите. Објавувам разни постови на инстаграм за да ја исполнам рутината со лајкови и ретвивам твитови. Луѓето никогаш не би се посомневале низ што навистина поминувам. Се трудам да си го прикажам животот како возбудлив, позитивен и среќен онлајн. Постојано гледам на фејсбук како луѓе на моја возраст имаат убава работа, стапуваат во брак, добиваат деца, го купуваат својот прв дом. СРЕЌНИ! СРЕЌНИ! СРЕЌНИ! СРЕЌНИ! Ми предизвикуваат главата да сака да ми експлодира. Не можам да си помогнам…Дали ме прави лоша особа тоа што им завидувам на животите?

Дали сум лоша личност затоа што посакувам да можат и они да го осетат она низ кое јас поминувам? Бесцелно скролање скоро по цел ден. Краткотрајни решенија за долгорочен проблем, а длабоко во себе знам дека само ми ја влошува анксиозноста уште повеќе. Како дрога е. Како може едно име да биде толку иронично?! Треба да се викаат НЕ-социјални медиуми. Откажувам настани на кои стварно сакам да одам. Кога ќе дојде денот за одење, и мојата анксиозност е во полна моќ, морам да кажам НЕ. Што ако ја направам или кажам погрешната работа? Моите пријатели сметаат дека сум нестабилен и ми викаат само треба да се надминам, но не можам! Кога само би знаеле дека најдобриот избор за мене е да останам дома и легнам да спијам, но и спиењето секогаш ми представува проблем…

Тешко ми е да заспијам затоа што има толку работи кои треба да ги дигестирам. Се чини мојот ум никогаш не престанува со работа. Како да сум заробен во лавиринт исткаен од сопствените мисли. Саатите поминуваат додека зјапам во таванот и циклусот продолжува…

40% од попреченоста кај луѓето во светот се должи токму на депресијата и анксиозноста. Најновите психијатриски истражувања покажуваат дека 6 милиони луѓе во британија и 40 милиони луѓе во америка секоја година страдаат од анксиозност и депресија. Само 36,9% од оние кои страдаат од анксиозност посегнуваат по третман. Милиони и милиони пак страдаат сами во тишина. Многу од луѓето што ги познаваме поминуваат низ нешто слично. Време е да почнеме да зборуваме гласно.

Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Рубикон.мк. Секој упад и злоупотреба на интернет-страницата на Рубикон е казнив со закон.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ