Насловна Занимливости Како би изгледала картата на светот, доколку не се раздвоел суперконтинентот Пангеа?

Како би изгледала картата на светот, доколку не се раздвоел суперконтинентот Пангеа?

од Ivica Kitanovski

Пангеа е името на суперконтинентот кој постоел за време на палеозоикот и мезозоикот, пред процесот на одвојување на тектонските плочи и настанувањето на денешните континенти во нивната моментална конфигурација.
Како што знаеме од историјата, порано континентите биле една целина која не била меѓусебно поделена со мориња и океани. Со името на суперконтинентот не запознал Алфред Вегенер во 1915та година, кој бил и еден од главните промотери на идејата за поместување на континентите. Водената маса која го опкружувала Пангеја се нарекувала Панталаса. Во продолжение, мапата на Пангеа со моменталните имиња и граници на земјите:

Според оваа мапа на Масимо Пиетробон, за време на постоењето на суперконтинентот, Македонија не била во многу поразлична географска положба и се граничела со истите држави и копно.

За постоењето на Пангеа, постојат повеќе научни непобитни докази, како фосилните остатоци, кои вклучуваат присуство на слични и идентични видови на животни на континентите кои сега се оддалечени на големи растојанија. На пример, фосили од терапсидниот Листросаурус се пронајдени во Јужна Африка, Индија и Антарктик, заедно со членовите на флората „Glossopteris“, чијашто дистрибуција би се движела од поларниот круг, до екваторот, доколку континентите би биле во нивната сегашна позиција.

Дополнителни докази за постоењето на Пангеа, се наоѓаат и во геологијата на соседните континенти, вклучувајќи појавување на идентични геолошки трендови помеѓу источниот брег на Јужна Америка, и западниот брег на Африка.
Геолозите точно можат да го утврдат движењето на континенталните плочи со испитување на ориентацијата на магнетните минерали во карпите. Кога се формираат карпи, тие ги преземаат магнетните својства на Земјата и точно означуваат каде и како биле насочени половите во однос на карпата.

Вака би изгледала планетата земја од вселената доколку континентите ги немале сегашните својства и местоположба и доколку Пангеа сеуште постоел како целина.

Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Рубикон.мк. Секој упад и злоупотреба на интернет-страницата на Рубикон е казнив со закон.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ