Полскиот хирург, а подоцна и министер за здравство, Релига Збигниев, ги следи виталните знаци на пациентот после 23 часовна трансплантација на срце во 1987ма година. Докторката која асистирала, онесвестена од умор, спие во десниот ќош на салата. Интересен податок е дека пациентот од фотографијата, Тадеус Зикиевиц, всушност го надживеал докторот кој му овозможил втора шанса за живот. Релига починал во 2009та, а Тадеус во 2017та година, 30 години по операцијата.