Насловна Мистерија Интервју со Никола Тесла: Разговарам со молњите и громовите!

Интервју со Никола Тесла: Разговарам со молњите и громовите!

од Ivica Kitanovski

Извадок од интервјуто со Никола Тесла за весникот “Бесмртност” од минатиот век.

Новинар: Футуристите велат дека 20ти и 21ви век се родени од главата на Никола Тесла. Они ги слават реверзибилното магнетско поле и пејат химни за индукцискиот мотор. Нивниот творец односно Вас, ве нарекуваат ловец кој во својата мрежа ја уловил светлината од длабочината на земјата, и војник кој го заробил пламенот од небото. Вие сте татко на наизменичните струи кои направи да физиката и хемијата завладеат со половина од светот. Индустријата ве прогласи за нејзин врховен светец, а банкарите ве прогласија за најголем доброчинител. Во лабoраторијата на Никола Тесла за прв пат е разбиен првиот атом. Тука е створено и првото оружје кое со вибрации предизвикува земјотрес. Тука го имате откриено и црниот космички зрак.

Никола Тесла: Да, тоа се некои од моите поважни откритија. Ама јас, сепак сум поразен човек. Јас не го остварив она најпотребното што морав да го сторам.

Новинар: А што е тоа гоподине Тесла?

Никола Тесла: Сакав да ја осветлам целата земја. Во нејзе се наоѓа доволно електрицитет, да може и самата да стане второ сонце. Светлината би сјаела околу екваторот, како прстенот околу Сатурн. Сепак, човечкиот род се уште не е созреан за толку големи работи. Во Колорадо Спринг потполно ја напоив земјата со електрицитет. Исто така можеме да ја напоиме и со други енергии, како што се позитивните психички енергии. Тие енергии се во музиката на Бах и Моцарт или во стиховите на големите поети.
Во внатрешноста на земјата постојат енергии на ведрината, мирот и љубовта. Они се канализираат преку цветот кој расте од земјата или храната која ја добиваме од нејзе. Јас поминав години барајќи начин како да направам тие енергии да можат да влијаат на луѓето. Убавината и мирисот би можеле да се користат како лек, а сончевите зраци како храна. Животот има бесконечен број форми, а должност на секој научник е да ги пронаоѓа во секој облик на материјата. Три работи се најбитни во сето ова. Се што правам е потрага по тие три работи. Знам дека нема да ги пронајдам, ама нема ни да се откажам од нив.

Новинар: Кои се тие работи?

Никола Тесла: Првото е храната. Со која ѕвездена или земска храна да се нахранат сите гладни на земјата? Со кое вино да ги напојам сите жедни, па срцето да им се развесели и да сфатат дека всушност самите се богови!
Втората работа е: како да ја уништам енергијата на зло и патење во која поминува времетраењето на човечкиот живот? Оваа енергија понекогаш се јавува како епидемии од длабочината на универзумот, а во овој век тие болести се раширија од земјата кон универзумот.
Трета работа: постои ли во универзумот претерана и непотребна светлост? Јас открив ѕвезда која по сите астрономски и математички закони може да исчезне, а наизглед горе ништо да не се промени. Таа ѕвезда е во оваа галаксија. Нејзината светлост може да се збие во таква густина, да може да ја собере во сад голем колку јаболко, а сепак да биде потешка од целиот сончев систем.
Религијата и филозофијата го учат човекот дека може да се роди како Христос, Буда или Заратустра. Она по кое јас трагам е многу полудо, дури и невозможно. Тоа е: што да направам за да во универзумов секој човек навистина се роди како Христос, Буда или Заратустра? Јас знам дека гравитацијата е наклонета не се она што треба да лета и мојата намера не е да направам направи за летање како авион или ракета, туку на луѓето да им ја повратам свеста за нивните сопствени крилја…
Понатака, јас пробувам да пробудам енергии кои се наоѓаат во вакумот. Вакумот е најголем извор на енергија. Она што се смета за празнина, всушност е само манифестација на непробудена материја. Не постои празнина на земјата, ниту пак во вселената.
Во црните дупки за кои постојано зборат астрономите, има најмоќни енергии и животни извори.

Новинар: Во непријателството кон теоријата на релативитетот одите до таму што на своите роденденски прослави, држите предавања против нејзиниот творец Алберт Ајнштајн?

Никола Тесла: Запамтете дека не е закривен просторот, туку човековиот ум кој не може да ги разбере бескрајот и вечноста! Да му било јасно тоа на творецот на теоријата на релативитетот, би се стекнал со бесмртност, дури и физичка доколку тоа му е по воља. Јас сум дел од светлоста, а она е музика. Светлоста ги исполнува моите шест сетила. Јас ја гледам, слушам, осеќам, мирисам, допирам и ја мислам. Мислењето кај мене е шестото сетило. Честичките на светлината ми се испишани ноти. Една молња може да биде целосна соната. Илјада молњи прават концерт. За тој концерт јас сум креирал топчести молњи кои сеуште се слушаат над ледените врвови на Хималаите. Тука е и Питагора и математиката. Научник, околу овие два поими не може и не треба да се огреши. Броевите и равенките се знакови со кои се обележува музичката свера. Да можел да ги чуе Ајнштајн нејзините звуци, никогаш не би ја створил теоријата на релативитетот. Тие звуци се порака до умот дека животот има смисол, дека во универзумот постои совршен склад, и дека убавината е повод и последица на стварањето. Таа музика вечно кружи на ѕвезденото небо. Најмалата ѕвезда е комплетна композиција и воедно дел од големата небеска симфонија. Отчукувањата на човечкото срце се исто така дел од таа симфонија на земјата.
Њутн знаеше дека тајната лежи во геометрискиот правилен распоред и движењето на небеските тела. Он совршено добро разбра дека хармонијата е врховен закон во универзумот. Закривениот простор е хаос, а хаосот не може да биде музика. Ајнштајн е гласник на времето на буката и бесот.

Новинар: Господине Тесла, дали Вие ја слушате таа музика?

Никола Тесла: Секогаш ја слушам. Моето духовно уво е големо колку небото што е над нас, а моето физичко уво е јако како радар. Според теоријата на релативитетот на Ајнштајн, две паралелни линии мора да се сретнат во бесконечноста. Тогаш и Ајнштајновата крива ќе стане права. Еднаш створен, ѕвукот трае вечно. За одреден човек тој може да исчезне, али продолжува да трае во тишината која е негова најголема моќ. И немам ништо против господинот Ајнштајн, тој е многу љубезен човек и направи исклучително добри работи, од тие работи ќе се створи и нова музика. Јас упорно ќе му пишувам и ќе пробувам да му објаснам дека етерот постои и дека неговите честици се оние кои го одржуваат универзумот во мир и хармонија.

Новинар: Еднаш веќе имате зборувано, кажете ми ве молам кои се условите за прилагодување на една душа на земјата?

Никола Тесла: Јас ги имам десет! Запишувајте внимателно…

Новинар: Ќе го запишам секој ваш збор почитуван господине Тесла!

Никола Тесла: Првиот услов е високата свест за вашето праќање тука и делото кое треба да го извршите. Она мора, макар и матно, да постои уште во вашата најрана возраст. Да не бидеме лажно скромни, буката знае дека е бука, а грмушката знае дека е грмушка. Уште како момче од 12 години ја знаев дека ќе дојдам на Нијагарините водопади. За поголемиот дел од моите откритија знаев уште во детството дека ќе ги остварам, ма да, не сосема јасно. Вториот услов на прилагодување е истрајноста. Се што започнував, го завршував.

Новинар: Кој е третиот услов на прилагодување?

Никола Тесла: Усмерување на сите витални и духовни енергии на дело. Оттука и прочистувањето од многу работи и потреби кои ги има човекот. Јас со тоа ништо не изгубив, напротив, само добив. Толку многу добив што безмерно се радував на секој нов ден и ноќ. Запишите, Никола Тесла беше среќен човек…
Четврти услов е прилагодување на телесниот склоп на дело. Најпрвин, тоа е одржување на организмот. Човековото тело е совршена машина. Јас го познавам својот организам и што е добро за него. Тоа што за повеќето луѓе претставува храна, тоа за моето тело е штетно и опасно. Заради тоа, понекогаш си замислувам дека сите готвачи на светот коваат завера против мене…

Новинар: Често ја споменувате моќта на визуализацијата?

Никола Тесла: Нејзе можам да и заблагодарам за се што имам створено. Настаните од мојот живот и сите мои пронајдоци пред моите очи се стварни, целосно видливи како секоја појава или предмет. Во младоста ова ме плашеше, не знаејќи што е тоа навистина, али покасно ја прегрнав оваа моќ и примив како скапоцен подарок и богатство. Го негував и љубоморно чував. Со помош на визуализација на повеќето мои пронајдоци вршев и поправки, и тогаш, така веќе завршени пред моите очите и физички ги поправав и правев. Со помош на визуализација решавам и комплицирани математички равенки, а да не испишувам броеви. На Тибет ради оваа способност би добил чин на висок свештеник Лама. Да, тоа така се прави. Мојот вид и слух се совршени и смеам тоа слободно да го кажам, многу појаки отколку кај другите луѓе. Јас ја слушам грмотевицата на далечина од 150 милји и гледам бои во небото кои другите луѓе не ги гледаат. Тоа појачување на видот и слухот ги имав уште како мало дете. Покасно тоа почнав и свесно да го развивам.

Новинар: Во младоста сте биле неколку пати тешко болни. Дали и болеста е еден од условите на прилагодување?

Никола Тесла: Да. Болеста е често последица од недостаток или исцрпеност на животната сила, али и често е прочистување на духот и телото од отровите кои се насобрани. Неопходно е да човекот боледува од време на време. Изворот на најголемиот дел од болестите е во духот. Токму затоа духот може и да ги излечи најголемиот дел од болестите. Како дете се разболев од Колера која владееше во мојот град. Се излечив со тоа што татко ми на постела ми дозволи да се запишам на студии на техника, школо што за мене го претставуваше целиот мој живот. Привиденијата за мене не се болест, напротив, способност на умот да продре низ трите земски димензии. Ги имам целиот свој живот како и сите други работи кои ги имам во и околу себе.

Новинар: Читателите на нашиот весник сакаат хумор. Али ме збунивте со изјавата дека вашите откритија, кои се неизмерна добробит за луѓето, представуваат само игра. Многу од читателите ќе се намрштат на тоа.

Никола Тесла: Драг господине Смит, невољата е токму во тоа што луѓето се премногу озбилни. Да не се премногу сериозни, би биле многу посреќни и многу подолго би живееле. Старата народна кинеска поговорка вели дека пресериозноста го скратува животниот век. Ама да не се мрштат читателите на весникот на вакви неозбилни работи, да се вратиме на работите кои они ги сметаат за важни.

Новинар: Они со задоволство би слушнале нешто за вашата филозофија.

Никола Тесла: Животот е ритам кој мора да се запознае. Јас го осеќам тој ритам, се водам по него и целосно му се препуштам. Он е многу благодарен и за возврат ми ги дава сите знаења кои ги имам. Се што живее, поврзано е меѓусебно со многу јаки и длабоки врски: човек и ѕвезди, амеба и сонце, нашето срце и кружењето на бесконечниот број светови. Тие врски се нераскинливи. Знаењето доаѓа од универзумот. Нашиот вид е неговиот најсовршен приемник. Имаме две очи, земско и духовно. Треба да се стремиме кон тоа да станат едно око. Универзумот е жив во сите свои форми и манифестации. Каменот е мисловно и сетилно суштество, као што тоа се и билките, ѕверовите и човекот. Ѕвездата која сјае бара да ја гледаме, и да не сме премногу обземени со самите себе, би го разбрале нејзиниот јазик и пораки. Своите очи и уши човекот мора да ги усклади со своето дишење, за да ги добие очите и ушите на универзумот.

Новинар: Прашање кое можеби требаше да го поставам уште на почетокот… Што за Вас претставува електрицитетот господине Тесла?

Никола Тесла: Се е електрицитет. Најпрвин е светлост, бескраен извор од кој истекува материја и се распоредува во сите облици кои го претставуваат универзумот и земјата со сите нејзини форми на живот. Црното е правото лице на светлоста. Тоа што не ја гледаме како таква е огромна милост према човекот и останатите живи суштества. Една нејзина честичка содржи светлосна, топлотна, нуклеарна, радијацијска, хемиска, механичка и засега уште видови непозната енергија. Она има моќ која може да ја измести планетата од своето лебдечко патување. Она е вистински
Архимедов лост.

Новинар: Ама господине Тесла, Вие сте премногу пристрасен према електрицитетот…

Никола Тесла: Електрицитет сум самиот јас. Или ако повеќе сакате, електрицитет во човечка форма. Тоа сте и Вие господине Смит, само не сте свесен за тоа.

Новинар: Дали оттука потекнува вашата способност да преку своето тело пропуштате електрична енергија од повеќе од милион волти?

Никола Тесла: Замислете градинар кој го напаѓаат неговите билки… Тоа стварно би било лудо. Човековото тело и мозок се сочинети од многу различни енергии, во мене највеќе е електрицитетот. Енергијата која е различна во секој е она што го прави човековото “јас” или “душата”. Работата на мозокот и смртта се манифестираат со светлост. Моите очи во младоста беа црни, сега се плави и како проаѓа времето и функцијата на мозокот станува повеќе преоптеретена, они се ближат према бела боја. Белата е небеска боја. Низ мојот прозор едно утро слета гулаб, кој го нахранив. Сакаше да ми јави дека умира. Од неговите очи излагаа млазеви светлина. Никад во мојот живот кај некое животно не сум видел толку силни млазови светлина како кај тој гулаб.

Новинар: Работниците во вашата лабораторија наоколу зборуваат за блесоци светлина, пламен и молњи, кои од никаде се создаваат околу Вас доколку сте гневни или се чувствувате загрозено…

Никола Тесла: Тоа се психички празнења, или ако повеќе сакате, предупредувања да се чувам. Светлината од секогаш била на моја страна. Знаете ли кој ми ги откри реверзибилното магнетно поле и индукцискиот мотор што ме прославија во својата дваесет и шеста година? Една летна вечер во Будимпешта, со мојот пријател Сигитиј го гледавме заоѓањето на сонцето. Гледајќи во светлината, илјада пламени јазици се испреплетуваа во илјада различни бои. Се сетив на Фауст и почнав да рецитирам стихови од него. Тогаш како во магла видов магнетно поле кое се врти и начинот на кој работи индукцискиот мотор. Да, ги видов во сонцето!

Новинар: Хотелската послуга во хотелите во кои често одседнувате, тврди дека во време на грмотевици се затварате во соба и разговарате сами со себе.

Никола Тесла: Не сам со себе, разговарам со молњите и громовите.

Новинар: Со нив? На кој јазик господине Тесла?

Никола Тесла: Најчесто на мојот мајчин јазик. Во него има зборови и посебни звукови, кои се најпогодни за тоа.

Новинар: Дали по ваше мислење науката и поезијата се едно исто?

Никола Тесла: Тоа се две очи на едно лице. Вилијам Блејк ги учел луѓето дека целиот универзум е роден од фантазија, дека она го одржува, и он ќе постои се додека на земјата постои макар и еден човек.

Новинар: Ми рековте дека и јас како и секое суштество сум светлина. Тоа ми ласка, али признавам, не ми е сосема јасно….

Никола Тесла: А зашто би требало па да ви биде јасно господине Смит? Доволно е да поверувате во тоа. Се е светлост. Во еден нејзин зрак лежи судбина на еден цел народ. Секој народ има свој зрак во оној светлосен извор што ние го гледаме како сонце. И запамтете го ова многу добро, ниту еден човек кој постоел, не е умрен. Претворени се во светлост, и како такви, постојат и понатаму. Тајната е во тоа дека после она што го викаме смрт, светлосните честички само се враќаат во својата првобитна состојба.

Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Рубикон.мк. Секој упад и злоупотреба на интернет-страницата на Рубикон е казнив со закон.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ