Насловна Ментална гимнастика Фризерот и Бог (поучна приказна)

Фризерот и Бог (поучна приказна)

од Ivica Kitanovski

Еден човек влегол во фризерски салон за да ја истриже косата и да ја избричи брадата како и обично. Започнале разговор со фризерот и разговарале за секакви работи и теми. Одеднаш, тие почнале разговор на темата Божја и фризерот рекол:

„Знаете што, не верувам во Бога!“. „Зошто?“, Го прашал човекот. „Многу едноставно господине, излезете на улица и ќе сфатите дека Бог не постои. Објаснете ми, ако би постоел Бог, дали би имало толку многу болни луѓе на планетата? Дали би имало напуштени деца? Дали би имало војни? Ако Бог би постоел, сигурно нема да има страдање и болка. Ако го имаше Бог, тој сигурно немаше да дозволи да се случат сите овие работи. Нема Бог! “. заклучил фризерот. Човекот замолкнал. На момент му звучело како фризерот да бил во право. Тој и самиот немал против-аргумент на наведените примери.

Поминале неколку минути и фризерот ја завршил својата работа. Човекот платил, се заблагодарил и излегол од фризерскиот салон. Набргу откако излегол, видел човек со долга заплеткана коса и запуштена долга брада, кој изгледал многу неуредно и валкано. Посматрајќи го овој необичен, запуштен лик, човекот се потсетил на зборовите на фризерот и се замислил.

Одеднаш се свртел и се вратил во фризерскиот салон и луто му рекол на фризерот: „Знаеш што? Фризери не постојат! “ – „ Ама како тие не постојат господине?“, прашал фризерот. „Па така, тие не постојат, затоа што ако постоеја, немаше да има неуредни и запоставени луѓе како оној на улицата што сега предмалку го видов“.

„Ама мој пријателе, фризери има, освен ако луѓето не доаѓаат кај нив“, вратил фризерот. „Точно!“, Потврдил човекот и додал: „Потполно исто како што постои и Бог, само што луѓето престанаа да доаѓаат кај него!“

Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Рубикон.мк. Секој упад и злоупотреба на интернет-страницата на Рубикон е казнив со закон.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ