Насловна Занимливости 10 намирници кои изгледаат потполно исто како органите за кои се здрави

10 намирници кои изгледаат потполно исто како органите за кои се здрави

од Ivica Kitanovski

Сите ја знаеме и имаме слушнато за изреката “ти си тоа што го јадеш”. Во продолжение ви презентираме 10 намирници во исхраната кои се огледало на човечките органи за кои се здрави, и посебно поволни за нивното одржување и третирање. На пример, оревот кој е посебно здрав за мозокот, во внатрешноста изгледа потполно исто како него. Случајност? Можеби. Прочитајте и погледнете ги функциите и сличностите во продолжение, па проценетете самите

1. МОРКОВ – ОЧИ

Исечете морков на половина напречно и лесно може да видите како зеленчукот наликува на око. Ако погледнете одблизу, дури ќе ја забележите и шемата на околни линии и полната средина, што ги имитираат зеницата и ирисот. Уште од дамнина ни е пренесено знаењето од постарите дека за добар вид, неопходно е да се конзумираат моркови. Морковите се полни со витамини и антиоксиданти како бета-каротинот, кои ја намалуваат можноста за макуларна дегенерација, што е водечка причина за губење на видот кај постарите луѓе.

2. ОРЕВ – МОЗОК

Наборите и структурата во внатрешноста на оревот, неодоливо потсетуваат на еден човекчки орган, мозокот. Покрај релјефната структура која е идентична како кај мозокот, интересен податок е дека оревот е напречно поделен на два дела, токму како левата и десната хемисфера на мозокот. Воопшто не е изненадувачки што оревите уште се нарекуваат и „храна на мозокот“. Според Лиза Авелино, светски познат експерт и диететичар, оревот има многу висока содржина на омега-3 масни киселини, кои помагаат во поддршката на многу функции во мозокот кои се неопходни за функционирање на остатокот од човечкото тело.

3. ЦЕЛЕР – КОСКИ

Долгите стебленца на целерот потсеќаат на коските во човечкото тело за кои се посебно добри и полезни. Целерот е одличен извор на силикон, кој е дел од молекуларната структура која им дава сила на коските. Друга интересна “случајност” помеѓу целерот и коските е тоа што коските, исто како и целерот, се сочинети од точно 23 проценти натриум.

4. АВОКАДО – МАТКА

Обликот и внатрешноста со плодот кај авокадото, изгледаат потполно исто како матката. Авокадото е посебно здраво и добро за репродуктивните органи, посебно кај жената. Претсавува силен извор на фолна киселина, вели Елизабет Сомер, регистриран диететичар и автор на “Eat Your Way to Happiness”. Помеѓу многуте придобивки, од конзумирање на овој продукт, неодамна е откриено дека авокадото драстично го намалува ризикот од цервикална дисплазија, што претставува предканцерозна состојба.

5. ОСТРИГИ – ТЕСТИСИ

Многу од светските студии и истражувања покажуваат дека остригите, кои имаат голема физичка сличност со тестисите, се всушност многу здрави за машките полови органи. Истражувањата сугерираат дека големото присуство на фолната киселина во комбинација со цинк, имаат значителен ефект врз подобрување на квалитетот на семето кај мажите.

6. ГРЕЈПФРУТ – ГРАДИ

Сличноста помеѓу кружните агруми кај грејпфрутот и градите кај жената може да бидат повеќе од случајни. Грејпфрутот содржи голема количина супстанци наречени лимоноиди, за кои повеќе светски истражувања докажаа дека го спречуваат развојот на канцерогените клетки во дојката.

7. ДОМАТИ – СРЦЕ

Пресечете домат на пола и ќе забележите дека црвениот зеленчук има повеќе комори кои точно потсетуваат на структурата на срцето. Студиите откриле дека поради ликопенот во доматите, постои драстично намален ризик од срцеви заболувања кај мажите и жените кои редовно ги конзумираат. Ако ги мешате и припремате со малку маснотии, како маслиново или сончогледово масло, тоа ќе ја зголеми апсорпцијата на ликопен на вашето тело за скоро десет пати.

8. ЦРВЕНО ВИНО – КРВ

Црвеното вино, кое е богато со антиоксиданти и полифеноли, вклучувајќи го и моќниот ресвератрол, изгледа потполно исто како крвта. Кога го пиете во умерени количини, внесувате супстанци што штитат од повеќе штетни работи во крвта, како ЛДЛ холестеролот, што може да предизвика различни срцеви заболувања. Црвеното вино го намалува згрутчувањето на крвта, кое е едно од главните причини поврзани со мозочен удар и сериозни срцеви заболувања.

9. ЃУМБИР – ЖЕЛУДНИК

Секој што некогаш стигнал до чаша сок од ѓумбир кога имал болки во стомакот и желудникот, знае за ефектите од антинеуза на коренот. Сосема соодветно е тоа што билката личи на органот за варење. „Ѓумнолот” кој е состојката одговорна за лутиот мирис и вкус на ѓумбирот, е наведен во базата на податоци на фитохемикалиите на USDA како состојка која пружа ефективна заштита од гадење и повраќање.

10. СЛАДОК КОМПИР – ПАНКРЕАС

Издолжениот сладок компир дели голема физичка сличност со панкреасот, а пружа и огромна заштита и потхрана на органот. Слатките компири се богати со бета-каротин, кој е моќен антиоксидант кој ги штити сите ткива на телото, вклучително и панкреасот, од различни оштетувања, а највеќе од рак и стареење.

Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Рубикон.мк. Секој упад и злоупотреба на интернет-страницата на Рубикон е казнив со закон.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ